Околу 1000 жени, девојки, активистки и активисти се собраа денеска на вториот „Марш за правата на жените”


Околу 1000 жени, девојки, активистки и активисти се собраа денеска на вториот „Марш за правата на жените” кој се одржа по повод Меѓународниот ден на жената. Маршот кој започна во Жена Парк, испрати моќна порака и повик за унапредување на правата на жените во Македонија.

Целта на маршот, како што посочија организаторите, беше да се подигне свеста на јавноста, но и на носителите на одлуки, за нееднаквата положба во која се наоѓаат жените во нашето општество во 2018 година.

„Во 2018 година во Република Македонија имаме највисока доенечка смртност во Европа. Причините за тоа не треба да се бараат кај жените, туку во системот за здравствена заштита и здравствените услуги кои им следуваат, но секоја година се повеќе и повеќе се скратуваат,          во тоа што повеќе од 175.000 жени немаат гинеколог во својата општина, и во тоа што на повеќе од 80% од жените Ромки им наплаќаат ехо прегледи кои треба да им бидат бесплатни.“ – изјави Снешка Илиќ од Реактор.

„Товарот на неплатените домашни обврски сè уште во голема мера паѓа на грбот на жените, и додека во другите европски земји овие разлики во учеството во домашната работа се намалуваат, кај нас огромните разлики остануваат константни.“– продолжи Илиќ.

Во прогласот кој го прочитаа активистките, го поставија прашањето „Дали, навистина, е среќен 8ми март?“, нагласувајќи:

Видете следно

Светски ден на бегалците: Бројот на мигранти секоја година поголем за по неколку милиони

Воено-политичките конфликти и прогоните во родните земји се главните причини поради кои луѓето во изминатите …