Општина Аеродром со нови проекти за развивање на спортот


Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин потпиша меморандум за соработка со директорот на Центарот за едукација и менаџмент во спортот – Скопје, Бојан Захариев.
Соработката се однесува на едукација на млади спортисти од општината во соработка со факултетот за физичко образование, спорт и здравје, како и соработка со Агенцијата за спорт и млади на РМ во делот на унапредување на училишниот и масовниот спорт и поддршка на индивидуалните спортови.

Исто така, во рамките на меморандумот за соработка се предвидуваат истражувања на искористеноста и подобрување на инфраструктурата, организација на трибини, меѓународни турнири и активности во насока на подобрување на условите за работа во спортските клубови, како и хуманитарни манифестации од областа на спортот.

Општина Аеродром од оваа година воведува и еднократна финансиска поддршка за талентирани спортисти, со цел да ги поттикне младите да ги реализираат своите амбиции и да придонесе за развивање на спортот во општината.


Видете следно

Состанок на Подсекторската група на МЗШВ за предлог Програмата за директни плаќања во земјоделството за 2019 година

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работен состанок на Подсекторските групи …