IMG_1552

Општина Кисела Вода го претстави проектот за едукативните работилници за дијабетес кои ќе се одвиваат низ градинките

Денес градоначалникот Филип Темелковски заедно со претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК Наташа Деспотовска Димитриевска пред медиумите го претставија проектот за едукативните работилници за дијабетес кои се одвиваат низ градинките во Општина Кисела Вода.

Истите имаат за цел едукција на воспитно-згрижувачкиот персонал во градинките, во насока на што поквалитетно згрижување на дечињата со дијабетес коишто ги посетуваат.

– Би сакал да кажам дека Општина Кисела Вода останува отворена за соработка со сите невладини организации и граѓански здруженија кои имаат за цел, како Баланс МК за подобрување на квалитетот на живот за граѓаните на општината. Во моментов поточно од преземање на локалната власт се соочивме со фактот дека во нашите градинки има само едно медицинско лице. Во програмата за 2018 година направивме дополнување на буџетот за да може да ангажираме повеќе медицински лица кои без разлика дали станува збор за дијабетес или други болести, превентивно да може да делуваат кај дечињата. Ние имаме две градинки со 13 клона и во соработка со Министерството за труд и социјална политика гледаме да изнајдеме начин да ангажираме медицински лица во сите клонови на градинките. Досега праксата беше едно медицинско лице да ги посетува сите клонови кои се под соодветната градинка, истакна градоначалникот Филип Темелковски.

– Целта на оваа пресс конференција е да ја информираме јавноста за соработката помеѓу две различни институции Општина Кисела Вода и една од најстарите пациентски здруженија во борбата со дијабетесот во Македонија, а тоа е асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК – изјави Наташа Деспотовска Димитриевска претседател на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес.

Видете следно

pimen

Отец Пимен испрати силна порака по повод големиот празник Прочка

Отец Пимен во предвечерието на големиот празник синоќа порача: – О ти човеку што држиш …