Општина Крива Паланка најави повик за доделување финансии од општината на Здруженијата и спортските клубови


Во текот на вчерашниот ден, на иницијатива на градоначалникот Борјачо Мицевски се оддржа работен состанок со претсавниците на спортските клубови, невладините организации и здруженија од општината.

На средбата  Мицевски го најави повикот за аплицирање за добивање финансиски средства од општината, за што со Програмата за 2018 година се одвоени вкупно осумстотини илјади денари.

-Ова го правиме во насока на давање значење на она што го работат луѓето од граѓанскиот сектор, афирмирање на активностите на сите здруженија и нивно поврзување со цел заедничко дејствување и понатаму, аплицирање за други фондови, пред се-европските. Понатаму, покарај продолжување на праксата за бесплатно овозможување термини во спортските објекти за сите спортски клубови, иницираме формирање општински сојуз на спортови кој ќе ги застапува интересите на сите спортски клубови и работници. Овој сојуз ќе може, да ги црпе предвидените средства од општинскиот буџет, да добие средтсва и од Агенција за спорт и млади, од државни институции, но и од Евроспките програми и фондови,  рече Мицевски.

Во текот на наредните денови општината ќе објави повик за доставување апликации за финансирање на активностите на здуженијата за оваа година, а стручна комисија ќе ги одобри и распредели средствата.

-Со цел да го олесниме работењето нацивилниот сектор, на нивна иницијатива, ќе им отстапиме простории и техничка поддршка без надоместоци во „Вавилон-центарот“ во кои ќе можат да обавуваат тековни активности и состаноци, како и во просториите на поранешната градинка, на улица „Илинденска“, а дополнително, во консултација со дел од раководните лица во јавните институции, ќе ја поддржиме идејата за основање општинска фондација која ќе се вика „Со срце за Крива Паланка“. Фондацијата би била поддржана од наши иселеници и бизнис-секторот, а средствата кои истата ќе ги обезбеди ќе бидат наменети за поддршка на културни и спортски манифестации , додаде Мицевски.

Повикот ќе биде објавен деновиве, на општинската веб-страна, http://www.krivapalanka.gov.mk и ќе трае еден месец. По истито ќе можат да аплицираат и граѓанскиет здруженија и спортски клубови, а дополнително, општината од буџетот за тековната година има издвоено и останати средтсва за поддршка на спортот со Програмата за спорт за 2018

Видете следно

РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот! Биди дел од акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“

Безбедноста во сообраќајот на патиштата претставува сериозен предизвик, односно сериозен проблем во сите современи општества. …