Општина Центар излезе со соопштение во врска отстранувањето на споменикот на Андон Јанев Ќосето


Во текот на ноќта од пред Врховниот суд, во центарот на Скопје, е отстранет споменикот на  Андон Јанев Ќосето.

По детално испитување на фактичката состојба, надлежните  служби во општина Центар донесоа решение дека се работи за дивоградба. При увидот на овластениот градежен инспектор на општина Центар е констатирано дека спомен обележјето не е поставено на одобрената микро локација и издаденото решение од страна на град Скопје.

Одлуката за подигање на спомен обележје на Андон Јанев Ќосето ја донел Советот на општина Центар на 28.12.2012 година. Тука е направено и основното прекршување на законот, бидејќи во член 1 стои дека одлуката се носи заради одбележување на делото и оддавање почит на македонскиот комита и револуционер од илинденскиот период Андон Јанев Ќосето. Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на земјата.

Меморијален споменик може да подига Собранието на Република Македонија, Советот на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје за одбележување со спомен-обележја на настани и личности што се од локално значење, донесува програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја..

Решението за поставување на спомен обележјето  на Андон Јанев Ќосето  е донесено од поранешниот Совет на град Скопје на седница одржана на 14.07.2014 година.


Видете следно

Филипче:Масовна вакцинација се планира во повеќе градови, како што стигнуваат вакцините така се намалува старосната граница за вакцинација

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите информираше за епидемиолошката состојба …