24/05/2017
zemjodelci

Откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 14.2%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2017 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 14.2% во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 30.0%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 50.6%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот и живината и јајцата, а намалување е забележано кај: индустриските растенија, млекото и млечните производи и рибата.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува намалување во јануари и февруари, додека во март е забележано зголемување.

Видете следно

Production At The Euro Mint

Намалување на депозитите и кај населението и претпријатијата

По податоците за пад на индустриското производство и по оценките на бизнисмните дека економската состојба …