23/11/2017
zemjodelstvo

Откупот и продажбата на земјоделски производи зголемени за 11.8%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2017 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 11.8% во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 8.4%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 30.9%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските растенија, фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и рибата, а намалување е забележано кај: градинарските растенија, млекото и млечните производи.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување во сите три месеци од второто тримесечје.

Видете следно

svetska banka

Програмата на Светска банка – Австрија за урбано партнерство ги поддржува општинските лидери во Југоисточна Европа

Претставници од локални и од централните власти од седум земји од Југоисточна Европа (ЈИЕ) денес …