22/10/2017
DCIM100MEDIADJI_0379.JPG

ОТВОРЕН НОВИОТ КОМПЛЕКС АЛКА

Скопје, вчера, доби уште едно ново место за уживање надвор од градскaтa срединa.

Со свеченост, коктел и огномет, во присуство на многу познати личности  и амбасадори во Македонија блесна новиот комплекс АЛКА.

Комплексот АЛКА се наоѓа на само 12км од центарот на Скопје, под падините на Водно, во мирното и чисто Сопиште. Се простира на 2.700 метри квадратни и нуди многу содржини базен со морска вода, детски базен со игротека, вип бар, ресторан, коктел бар и бар на базен.

АЛКА е инвестиција на Бобан Ангеловски, угостител и бизнисмен, повратник од Холандија, кој зад себе ги има успешните приказни на ресторанот Гурмет и ланецот ресторани за пица Доминос.

„Идејата беше да направиме концепт во кој ќе се пронајдат многу луѓе кои сакаат место каде можат да уживаат во убав амбиент со своето семејство, со и без деца, со своите деловни партнери и пријатели и притоа, да се чувствуваат навистина комотно во секоја прилика. Воедно, сакавме да понудиме и квалитетна опција на викенд место надвор од градот“ – вели Бобан Ангеловски, сопственик на АЛКА Комплекс.

Комплексот ќе нуди уживање за целото семејство. Затоа што, содржи два засебни дела, еден за родителите и еден за децата. Родителите може да се релаксираат додека нивните деца ги чува и анимира посебено задолжен персонал.

Во иднина, планирано е за посетителите на комплексот да има организиран превоз, доколку не се во можност да дојдат со сопствено возило.

Веќе од денес Алка е отворена за сите посетители.

Видете следно

2 (5)

Форца лигата прерасна во најголемиот бизнис спортски настан во земјава

Форца лигата е најголемиот бизнис спортски настан во земјава, кој ги соединува организациите и нивните …