Отворен Robomac по 8-ми пат


Денес, на Факултетот за електротехника и информациски технологии, се отвори Robomac 2017 – натпревар по роботика и автоматика.

На 8-от Robomac натпревар ќе учествуваат 70-тина учесници од Македонија и од странство. Според организаторите на натпреварот, Македонската секција на Институтот на инженерите по електротехника и електроника (IEEE) и студентскиот Парламент на ФЕИТ, половина од учесниците се од други држави, а останатите се студенти од ФЕИТ, ФИНКИ, Машински факултет, Јахја Ќемал колеџот и Микросам академијата.

„Robomac стана традиционален и препознатлив натпревар во организација на студентите. Ова го потврдуваме со огромниот број апликанти за учество во натпреварот. Овој Robomac се разликува од досегашните натпревари по тоа што комплетната организација припадна на студентите од СП ФЕИТ и IEEE, а ФЕИТ и УКИМ се само поддржувачи и домаќини на настанот“, рече деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски.


Видете следно

Државата ќе поддржува брзорастечки иновативни бизниси

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и …