23/08/2017
vladarm

Ова се новите функционери и директори на органи, државни управи и казнено поправни установи што се во надлежност на владата

Во однос на кадровските прашања Владата на Република Македонија ги разгледа и ги усвои кадровските предлози и заклучи да именува функционери и директори на органи, државни управи и казнено поправни установи што се во надлежност на владата.

Комисијата за кадровски прашања во владата, за секое лице поединечно, ги провери содржините на поднесената документација за да се провери дали ги исполнуваат условите за именување и соодветно на фактите, со потврдата за исполнување на условите за именување, Владата денеска ги објави одлуките во Службен весник на Република Македонија.

Во продолжение се наведени имињата на функционери и директори на органи, државни управи и казнено поправни установи што се во надлежност на владата:

За вршител на должноста директор на Државниот испитен центар – Неџмедин Садику
За вршител на должноста на Државен санитарен и здравствен инспекторат, орган во состав на Министерство за здравство се именува Ирина Бухова.
За вршител на должноста директор на Агенција за филм на Република Македонија се именува Горјан Тозија.
За вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, орган на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се именува Дритон Небиу.
За вршител на должноста директор на Бирото за метрологија, орган во состав на Министерство за економија се именува Роберт Василковски.
За вршител на должноста директор на Јавната установа Национален парк Маврово, Маврови Анови се именува Самир Ајдини.
За вршител на должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот се именува Александар Донев.
За вршител на должноста директор на КПУ Затвор Охрид се именува Ристе Недески.
За вршител на должноста директор на Управата за Финансиска полиција, орган во состав на Министерството за Финансии, се именува Арифат Муареми.
За вршител на должноста директор на КПУ Затвор Гевгелија се именува Слободан Џонич.
За вршител на должноста директор на Агенцијата за лекови и медицински средства се именува Роберт Бекироски.
За вршител на должноста директор на Државниот пазарен инспекторат, орган во состав на Министерството за економија се именува Исен Шабани.
За вршител на должноста заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт се именува Газменд Ристеми.
За вршител на должноста директор на КПУ Казнено поправен дом Идризово со отворено одделение во Велес се именува Ќерим Махмути.
За вршител на должноста директор на КПУ Воспитно поправен дом – Тетово се именува Зоран Стојановски.
За вршител на должноста директор на Агенцијата за катастар на недвижности се избира Борис Тунџев.
За вршител на должноста директор на Државната фитосанитарна лабораторија, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се именува Миодраг Стевановиќ.
За вршител на должноста директор на Управата за водостопанство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се именува Славе Арсовски.

Продолжува на втората страна

Видете следно

ilon

Илон Муск: Самостојните автомобили ќе доминираат од 2040г.

Извршниот директор на Tesla Inc. бил гостин на World Government Summit во Дубаи, каде зборувал …