20/08/2017
vladarm1

ПАЃААТ ПРВИТЕ ОСТАВКИ ОД ФУНКЦИОНЕРИ ВО ВЛАСТА ВО ЗАМИНУВАЊЕ – Еве кој прв го напушта бродот!

Оперскиот пејач Игор Дурловски си поднесе оставка од местото директор на МОБ и од позицијата професор на Факултетот за музичка уметност, пишува sky.mk.

„Жалам што сите овие општествени превирања се случуваат во година кога одбележуваме два значајни јубилеи и со кои требаше да создадеме нова страница со врвни уметнички достигнувања. За жал, а можеби некому за среќа, ниту МОБ не беше поштеден од негативните ефекти од наметнатите општествени услови кои се одразија врз целокупната работна атмосфера, расположението на нашата публика, безбедносниот скептицизам на дел од нашите гости-уметници, и ред други помалку значајни нешта“, напиша Дурловски на својот Фејсбук профил.

„За првото секој има право на сопствена определба или неопределба (што секогаш сум го почитувал), а за уметноста сме разговарале со многумина од вас и верувам дека и понатаму ќе го правиме истото во различни пригоди“, вели Дурловски.

Тој во обраќањето на Фејсбук вели дека последен ден на работа во МОБ ќе му биде 25 мај, а на позицијата професор во ФМУ ќе остане до крајот на јунската испитна сесија.

Дурловски изминативе месеци беше еден од организаторите на протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ и беше присутен во Собранието за време на насилствата што се случија на 27 април. По тоа најави дека се повлекува од организација на протестите, за веќе следниот ден повторно да се појави уште еднаш на бина./извор:Макфакс

Видете следно

kukanajvisoka1

Се продава највисоката куќа во светот: Погледнете како изгледа 12катниот објект

Резиденцијата која е позната и како највисоката семејна куќа во светот се продава за 1,3 …