Panasonic инвестира $ 256 милиони во Tesla


Јапонската компанија Panasonic ќе инвестира повеќе од 30 милијарди јени ($ 256 милиони) во фабрика за производство на фотоволтаични ќелии и модули. Тие ќе бидат наменети за компанијата Tesla.

Јапонската компанија постепено се повлекува од нискодоходниот бизнис со електроника во корист на автомобилските компоненти и другите бизниси, чии клиенти се главно корпорации, забележува “Ројтерс”.

Новата фабрика на Tesla ќе биде во Бафало, Њујорк.

Во заедничка изјава двете компании објавија дека ќе започнат производство на фотоволтаици во текот на летото на 2017, а во 2019 ќе го зголемат производството до 1 гигават модули.


Видете следно

Државата ќе поддржува брзорастечки иновативни бизниси

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и …