Denica

По повод светскиот ден на видот „Деница“ ќе овозможи бесплатни офталмолошки прегледи

„На 12.10.2017 година, по повод Светскиот ден на видот, под мотото „Гледај подобро, живеј подобро“, Специјалната очна болница „Деница“, ќе овозможи целодневни бесплатни очни прегледи за сите заинтересирани граѓани во насока на превенција на нивното очно здравје. Закажувањето на прегледите започнува денес,  05.10 (четврток), на бројот 02/2446-400 и ќе трае сé до пополнувањето на сите термини“, се вели во соопштението на компанијата.

Светскиот ден на видот се одбележува секоја година, вториот четврток во месец октомври, како резултат на иницијативата на Светската здравствена организација, а со цел општествата и граѓаните да посветат соодветно внимание на сите оштетувањата на видот, на проблемите со слепилото, како и на рехабилитацијата на слабовидните лица.

Меѓународниот тим на Специјалната очна болница „Деница“, под раководство на д-р Наум Трпеноски, од мај 2017 година, нуди врвни здравствени услуги од областа на офталмологијата, хирургијата, дијагностиката и контактологијата.

Видете следно

zaevkomora

Премиерот Заев на средба со германската комора за индустрија и трговија во Берлин: Германските компании во Владата на РМ имаат партнер за стабилно и предвидливо деловно опкружување и за создавање профит

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, како дел од програмата на неговата и …