23/06/2017
rokfeler

Почина Рокфелер – најстариот милијардер во светот

На 101-годишна возраст си отиде милијардерот и филантроп Дејвид Рокфелер. Тој починал во својот дом Покантико Хилс, Њујорк, соопшти портпаролот на семејството, пишува весникот „New York Times“.

Наследник на славното презиме, Дејвид Рокфелер беше најстариот милијардер во светот. Тој беше последниот жив внук на Џон Д. Рокфелер, нафтениот магнат, кој ја основал компанијата Standard Oil во XIX век и се здобил со состојба, која го претворила во првиот милијардер на Америка, а неговото семејство – во едно од најбогатите и најмоќни во историјата на земјата.

Состојбата на Дејвид се проценува на 3,3 милијарди долари, што го става на 603 место меѓу милијардерите во светот.

Видете следно

uefa-superkup-1-520x374

UEFA на својата официјална веб страница со сторија за македонските фудбалски херои

„Македонската фудбалска репрезентација за првпат се квалификуваше на завршница на европското првенство за фудбалери до 21 …