Полагањето на ловечкиот испит ќе биде многу поедноставено од сегашниот начин


Во пресрет на почетокот на годинешната ловна сезона, тука од Пехчево како еден од ловните региони во Македонија, би сакал да ги информирам ловните друштва за активностите кои ги презема Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а кои се во насока на унапредување на ловството како сектор и заштита на дивечот во репроцентрите.

Она што во моментов најмногу ги мачи ловните друштва е полагањето на ловечкиот испит, на што, како ресорно министерството интезивно работиме на олеснување на целиот процес.

Во таа насока, ве информирам дека веќе во процедура е измената на Законот за ловство, во делот на полагање на ловечкиот испит, со што полагањето ќе биде многу поедноставено од сегашниот начин на полагање.

Досега се полагаше електронски и целиот процес беше комплициран и со низа дополнителни трошоци за кандидатите. Сега, со измените, ќе се врати претходната  форма на полагање на ловечки испит, односно ќе се укине електронското полагање, и кандидатите кои сакаат да имаат ловечеки испит, ќе полагаат по поедноставена процедура.

Исто така со измените нема да има временски рок за полагање на испитот, односно истиот ќе се полага во текот на целата година. Ова е едно нашите ветувања кои се содржани и во Програмата на Владата.

Ние затекнавме состојба на изминат договор со дотогашниот Испитен центар, немаше спроведено нова јавна набавка, со што не можеше да се спроведе полагањето. И затоа пристапивме кон измена на Законот.

Видете следно

По тенискиот турнир ТРИГЛАВ ТЕНИС УМАГ 2018

Во Скопје, на 16 мај, 2018г., во спортска и опуштена атмосфера, на тениските терени во …