22/06/2017
Panamera Turbo Sport Turismo und Panamera Turbo S E-Hybrid Executive

Porsche го достигна своето рекордно ниво

Porsche AG  забележа силен старт на годината. Во првите три месеци од 2017 година, компанијата го зголеми бројот на испораките и бројот на вработени во однос на истиот период претходната година. Во текот на овој период, бројот на испораки се зголеми за 7% односно 59.689 возила, а работната сила се прошири и сега изнесува 28.249 вработени, што претставува зголемување за 13%. Заменик претседателот на управниот одбор и член на извршниот одбор за финансии во Porsche AG, Луц Мешке, нагласи: “Овие исклучително добри резултати се логично продолжување на нашата рекордна  2016-та година. Ние уште еднаш го надминавме нашето рекордно ниво”.

“Нашиот успех е резултат на атрактивната понуда на фасцинантни возила”, изјави Оливер Блуме, претседател на извршниот одбор на Porsche AG. “Новата Panamera е многу добро прифатена од страна на нашите клиенти – особено во својата plug-in хибрид варијанта како и новиот Sport Turismo модел. Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid докажаа дека електромобилноста и врвните спортски перформанси не се контрадикторни концепти на Porsche. Ние во исто време се движиме кон дигитализацијата. Го комбинираме традиционалниот Porsche дух со моќта на новите технологии – и со една јасна цел: Porsche да остане водечки снабдувач на решенија за дигитална мобилност во автомобилскиот премиум сегмент”.

Видете следно

odmor

Колку денови платен годишен одмор му следуваат на секој работник

Согласно Законот за работни односи, секој работник има право на платен годишен одмор од најмалку …