23/08/2017
de

Посебна година за Сараево Филм Фестивал

Сараево Филм Фестивал, како и секој август, и оваа година на публиката и носи феноменални филмови и прекрасна атмосфера. Сепак, оваа година ќе биде посебна. Со помош на долгогодишниот партнер на фестивалот, Aтлантик Група, Сараево филм фестивал ќе дојде во домот на сите оние кои сакаат да го погледаат филмското остварување кое го отвора овогодинешниот фестивал.

Филмот „The other side of hope“ покрај проекцијата на свеченото отворање, на публиката во Сараево ќе и се емитува и на 12. aвгуст, a oваа проекција во исто време ќе биде стримувана во сите земји од нашиот регион. За да дојде оваа динамична драма, која на хумористичен начин претставува и увезува две сосема различни приказни на еден фински трговец и на сириски бегалец, директно од Сараево во Вашиот дом, доволно е да искористите еден од Вашите паметни уреди.

 

ADM_0096

Онлајн платформата www.svismomiizistogfilma.com ќе биде само канал преку кој, заедно со филмот, фестивалската атмосфера барем на 98 минути ќе ги поврзе Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија, Maкедониja, Црна Гора и Косово. На овој начин, целиот регион ќе ужива во вредностите кои ги пропагираат уметноста и културата затоа што „Сите ние сме од истиот филм“.

Затоа, бидете и Вие дел од 23. Сараево филмски фестивал и на 12. aвгуст во 21ч уживајте заедно со целиот регион во прекрасното филмско остварување „The other side of hope“.

Видете следно

zaev112

Еве што најави Заев за локалните избори

Попладнево се одржа седница на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во проширен состав. …