Потребно е санкционирање на компаниите кои пуштаат отпад на пазарот, а не плаќаат за тоа


Под мотото „Европските искуства за улогата на компаниите што ги управуваат посебните текови на отпадот сега и во иднина“ во Стопанската Комора на Македонија се одржа прва меѓународна конференција во организација на Асоцијацијата за управување на посебните текови на отпадот.

На конференцијата директори на најголемите компании- колективни постапувачи од Германија, Чешка, Бугарија и од ЕКСПРА (асоцијацијата на колект.постапувачи со седиште во Брисел), заедно со македонските претставници  дискутираа и разменуваа искуства поврзани со моделите за ефикасно управување со посебните текови на отпад. Учесниците ги истакнаа предизвиците со кои се соочуваат, посебно ставајќи акцент на важноста од соработката со општините, и посебно за потребата од ефикасни инспекциски контроли од државните органи со цел  доследно применување на законските обврски поврзани со посебните текови на отпадот. 

Сите учесници беа едногласни дека е потребно санкционирањето на компаниите кои пуштаат отпад на пазарот, отпад од посебни текови, а не финансираат системи за негово собирање и рециклирање. Исто така се  истакна дека решавањето на проблемот со неформалните собирачи мора да се стави високо на агендата на општините и институциите. Дека има потреба од клириншка куќа која што ќе го следи работењето на колективните постапувачи, и ќе се грижи да постои лојална конкуренција, а што ќе биде во согласност со плановите на ЕУ.

Учесниците истакнаа, дека за над 40% од количините отпад од пакување кои компаниите секоја година го пуштаат на пазарот, не се плаќа во ниту еден колективен систем за собирање (како што се Пакомак и Еуро-екопак). Ниту пак тие компании плаќаат на дражавта, што претставува нивна законска обврска. Оваа евазија директно го оштетува буџетот на РМ сво просек со 3-4 милиони евра годишно.

Видете следно

Porsche прослави двојна победа во Ле Манс на 24-часовниот маратон

Porsche уште еднаш направи историја и ги освои двете класи на ГТЕ на најтешката и …