znamemk

Повеќе јавни претпријатија добија нови директори

Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски, од денес четири јавни претпријатија во градов, две основни училишта и детската градинка „Јасна Ристеска“ добија нови в.д. директори.

За в.д. директор во ЈП „Билјанини извори“ е назначена Гордана Јованоска, a на оваа позиција во „Ниско Градба“ е поставен Гоце Ѓоршески. В.д. директор на ЈП „Охридски Комуналец“ е Лупчо Грданоски, а во ЈП „Градски Пазар“, Кристина Крлеска- Деспотоска.

За в.д. директор во ОУ „Св. Климент Охридски“ е поставена Наташа Танеска која доаѓа на местото на Јордан Пуроски, а Елена Ел- Нади е новиот в.д. директор на ОУ„Ванчо Николески“ и доаѓа на местото на Жаклина Трипунова.

Од денес нов в.д. директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ е Мери Рилкова и доаѓа на местото од Роза Костеска.

Наредниве денови ќе бидат објавени имињата на новите вршители на должност на МЈП „Проаква“ и на ЈП „Градски гробишта“ како и на останатите воспитно- образовни установи во градов, соопштија од sky.mk.

Видете следно

ljube

Преживеа голгота, а не заборави на оние кои му нанесоа зло: Еве што за прочка порача Љубе Бошковски

Претседателот на партијата „Обединети за Македонија“, Љубе Бошковски објави порака по повод празникот „Прочка“. Еве …