Повик за доделување на грантови за граѓански организации


На ден 15.11.2017, среда, со почеток од 12.00ч, во просториите на хотел Бест Вестерн во Скопје, ПСМ Фондација ќе одржи информативна сесија за повикот за доделување на грантови за граѓански организации, објавен во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“ финансиран од Европската унија.

Во рамки на „Инфо денот“ проектниот конзорциум ќе изврши детална презентација на јавниот повик.

Учесници на настанот ќе бидат граѓански организации кои делуваат во различни аспекти од Поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика и кои имаат интерес да аплицираат на повикот.

Проектот предвидува финансиска поддршка преку грантови за граѓанските организации со вкупен фонд од 60 000 евра за вкупно 8 проекти.

Видете следно

Потпишан договорот за реконтрукција на патот Крива Паланка – Деве Баир

ЕБОР и Македонија го потпишаа договорот за реконструкција и проширување на патот од Крива паланка …