industrija2

Повисоки продажните цени на производителите на индустриски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 1.2% на месечно ниво, а за 4.6% на годишно ниво.

Во декември 2017, во споредба со ноември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 7.1%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.3%.

Во декември 2017, во споредба со декември 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 38.5%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.6%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.4% на месечно ниво, а за 2.9% на годишно ниво.

Во декември 2017, во споредба со ноември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5.1%, во секторот Преработувачка индустрија за 0.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1.0%.

Во декември 2017, во споредба со декември 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 21.8%, во секторот Преработувачка индустрија за 1.5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1.2%.

Видете следно

nbrm

НБРМ: депозитните и кредитните агрегати забележаа солиден раст, инфлацијата во рамки на проекците

На 13 февруари 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика …