17/10/2017
DSC_0008s copy

ПОЗНАТИ ТРОЈЦАТА ПОБЕДНИЦИ НА НАТПРЕВАРОТ ЗА МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Во организација на Британскиот Совет во Македонија и ЊуМенс Бизнис Акцелераторот изминатиов викенд (24 и 25 март 2017) во просториите на акцелераторот се одржа натпревар на 12 стартапи од Западен Балкан, и тоа од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија.

Лидерите на стартап тимовите претходно посетуваа обука за креативно претприемништво реализирана од страна на британската агенција NESTA, а пред самиот натпревар учествуаа и во интензивна обука за презентациски вештини на стартап проекти изведена од страна на менторите од Њуменс која им помогна да се претстават во најдобро светло пред членовите на жири комисијата.

Жирито беше составено од: Ирена Чаушевска, Соосновач и извршен директор на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот, Наталија Сандиќ, Менаџер за програма, инвестиции и меѓународна соработка на Фондот за иновации на Србија и Ивана Станковиќ, Менаџер за инвестиции на регионалниот фонд South Central Ventures во кој учество има и Европската банка за обнова и развој.

Најдобрите 3 стартап проекти беа наградени со вкупно 6000 британски фунти односно 7000 евра, и тоа:

1во место му припадна на стартапот Хонорарци предводен од Страхиња Вукоичич кој веќе е во функција, ги таргетира сите оние кои можат и сакаат да ги понудат своите вештини во форма на хонорарна работа и има 15.000 корисници од Србија и над 30.000 добиени ангажмани, а е со планови за проширување и во регионот.

2ро место го доби стартап проектот Audified Reality зад кого стои млад тим од Македонија предводен од Игор Кировски со визија да креира очила за луѓе со оштетен вид кои ќе им помагаат за снаоѓање во просторот но и за различни видови на активности.

3то место го освои Architecture платформа од Србија на чело со архитектот Драган Струњаш која ќе помогне за поврзување на младите архитекти од регионот со индивидуалци, фамилии и компании кои имаат потреба за најразлични услуги од советување, до уредување на само една просторија до цели комплексни проекти.

Сите млади претприемачи за време на обуките и натрпеварот добија значајни насоки за понатамошниот развој на нивните проекти како и за можностите за поддршка и финансирање што се на располагање во регионот и од институционални и од приватни извори на финансирање.

Натпреварот го проследија и директорката на Британскиот совет во Македонија Елеонора Запрова, како и координаторот на проекти Жарко Конески.

Видете следно

vmrodpmne

Промена во врвот на ВМРО-ДПМНЕ?!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по синоќешните резултати изјави дека како претседател на партијата, ја …