Пред неколку години од САД се вратила да живее во Охрид: Прочитајте го овој емотивен текст за односот на Македонците кон дијаспората


Манговска пред неколку години по долг престој во САД се вратила да живее во Охрид.

Пишува: Силвија Манговска

Само Македонците знаат саркастично да си ги исмејуваат своите македонски „сељаци“ од странство кои што си ја сакаат својата земја од која што биле приморани да се иселат. Се отселиле пред 30-40 или 50 години од истите како и денес проблематики – немање работа и неубава политика – за Петко и Трајко или Ариф зошто нивните родители од село не можеле да си ги школуваат своите деца со плата од фабрика (Истото им се случи на македонските Албанци и македонски муслимани кои масовно се иселија, им ги гледате празните убави нови куќи во Западна Македонија)

СеЉанец не можел туку така да добие било какво работно место в град освен ако не бил докажан комунист….(Комунистите ги згаснаа селата одамна, се сеќавате на приказните на вашите дедовци?)

Оставете ги Македонците од дијаспората да си прават, слават и протестираат онака како што можат и сакаат па макар звучело и траги-комично; Сакале вие да го признаете тоа или не тие ни се најзвучните амбасадори за земјава, за името и постоењето. Бездруго вие и онака тоа не би го сториле зошто е срамота да навивате за државата…..Не е in. Но затоа си постојат државници, за лобирање за доброто на државава, за жал никој од нив нити ги бивало нити пак се потрудиле да го сторат тоа. Нашата држава никогаш немала надворешна политика во корист на Македонија. Секогаш била равна на 0 од не знаење и незаинтересираност.

Дали сте виделе Грк, Албанец, Косовар или Бугарин да си ги исмејува своите “сељачишта” од дијаспората? Јас никогаш. Дел од нив дури тврдат дека нашите “сељаци” си се нивни граѓани. Си ги сакаат за свои. Ви текнува? Тие широко гради, а вие тесно гради. Цццц за срамота.

Текстот продолжува на следната страна


Видете следно

Состанок на Подсекторската група на МЗШВ за предлог Програмата за директни плаќања во земјоделството за 2019 година

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работен состанок на Подсекторските групи …