Премиерот Заев најави нов закон и поголеми субвенции за тутунот


Нов закон за тутун најави во Прилеп лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Согласно законот, субвенциите ќе се зголемат и наместо 60 денари како сега, ќе изнесуваат 70 или 80 денари, зависно од класата. Целта е, рече Заев, производителите да се мотивираат и поттикнат да добијат подобар квалитет.

– Тутунот ќе биде поделен во три класи и за секоја ќе има субвенција. Вкупно 80 денари за прва, 70 за втора и 60 денари за трета класа. Ќе одиме со стимулативни политики во земјоделството, се што ќе значи 10 отсто поголемо производство, покрај субвенциите ќе добие и награда, само за да расте обемот на производството, подвлече премиерот.

Според него, тутунот не може да остене само на приходот од листовите, туку ќе се развива комплетно.

– Цветот ќе се користи за енергија, а ќе се употребува и стеблото, како што прават многу модерни земји со современи технологии. Ќе поддржиме се што носи повеќе пари, за подобар живот, порача Заев од Прилеп.

Видете следно

Потпишан договорот за реконтрукција на патот Крива Паланка – Деве Баир

ЕБОР и Македонија го потпишаа договорот за реконструкција и проширување на патот од Крива паланка …