Презимето Трамп прави нов синџир на хотели


Фамилијата на новиот американски претседател Доналд Трамп планира да отвори нов синџир на хотели.

Новиот синџир ќе го носи името Сајон (Scion) и тоа ќе бидат првите хотели на фамилијата кои нема да го носат името “Трамп”. Тие ќе се одликуваат со модерен елегантен ентериер и ќе нудат соби за 200 до 300 долари на ноќ – речиси половина од цената на ноќевањата во луксузниот синџир на Трамп.

Планот е за само три години во САД да бидат отворени десетици, па дури можеби стотина нови хотели.

Смелото проширување на бизнисот сепак покренува некои деликатни етички прашања, забележуваат агенциите. Семејство Трамп нема да вложи пари во изградба на хотелите, а планира да ги привлече локалните градежни претприемачи и нивните инвеститори, како што го прават повеќето хотелски синџири.

Еден од првите хотели ќе биде во Далас. Градежна компанија во градот првично планираше да собере пари од неименуваните инвеститори во Казахстан, Турција и Катар, но сега според локалниот весник ќе се посвети само на американските партнери.


Видете следно

Денес 23 октомври неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот …