13/12/2017
industrija1

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.4% на месечно ниво

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.4% на месечно ниво, односно за 0.7% на годишно ниво.

Во февруари 2017, во споредба со јануари 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 3.3%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.1%, Енергија за 0.7% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.1%.

Во февруари 2017, во споредба со февруари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 2.0%, Енергија за 1.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.0%.

Видете следно

germanijaizvoz

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2017 година бележи пораст од 16.0 %

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од …