Продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 3.8% на годишно ниво


Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки за 0.4% на месечно ниво, а за 3.8% на годишно ниво.

Во ноември 2017, во споредба со октомври 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5.4%, во секторот Преработувачка индустрија за 0.1%, a во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 2.6%.
Во ноември 2017, во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 23.4%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0.5%.

Во ноември 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 1.0% на месечно ниво, а за 6.5% на годишно ниво.

Во ноември 2017, во споредба со октомври 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 7.7%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.1%.

Во ноември 2017, во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 43.0%, а во секторот Преработувачка индустрија за 2.6%


Видете следно

Се огласи МЗШВ: Престанок на работен однос и дисциплинска постапка за државниот секретар Цветaн Трипуновски

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро реагира на денешната прес конференција на Генералниот секретар …