Прогласени победниците од конкурсот „Филантропија преку зелени  идеи“ 


На 3-ти Јули, во хотел „Queen’s “ во Скопје,  здружението за социјални иновации „АРНО“ на завршниот настан од втората фаза од конкурсот „Филантропија преку зелени идеи“ ги прогласи тројцата победници: Жарко Василевски- „Наша Фарма: Едноставно природно и традиционално производство на здрави јајца од кокошки“, Биљана Филиповска- „Прва задруга на потрошувачи на органска храна Наша Добра Земја Доо Скопје“ , Јасминка Пашалиска -Андоновска од „Здружение – Центар за лековити билки и шумски плодови „Амброзија“ – Пехчево кои  се избрани како национални победници да  ја претставуваат Македонија на регионалниот „Форум за зелени идеи“.

„Наша Фарма е прва фарма за производство на еколошки јајца од кокошки во државава која е организирана на традиционален начин, Се наоѓа во општината Ѓорче Петров меѓу Ново Село и Волково. Произведува органски јајца од кокошки и ги дистрибуираме до дома. Во иднина Наша Фарма ќе прерасне во место за посета на нашите клиенти кои освен купување на здрава храна ќе можат и да видат изворно како таа се произведува и колку производството е еколошки, едноставно, природно и самоодржливо– изјави Жарко Василевски, сопственик на Наша Фарма, дипломиран новинар.

 

„Наша Добра Земја планира избор на 5-10 мали производители од чисти краеви во Македонија и реализација на обука на производителите за органско производство и постојан мониторинг и проверки, почетен капитал за производството, и договори за откуп на нивните производи. Наша Добра Земја како прва задруга на потрошувачи во Македонија, веќе има свои купувачи за кои имаме голема желба и мотив да обезбедиме што поголем асортиман на органски македонски локални производи, за што подобри цени. Доколку го реализираме овој проект, ќе има многукратен бенефит – и социјален и еколошки! “ -изјави Биљана Филиповска, Основач и претседател на УО на „Прва задруга на потрошувачи на органска храна Наша Добра Земја ДОО Скопје “.


Видете следно

Светски агенции: Со користење на IQOS се намалува иложеноста на штетни материи

Компанијата Филип Морис Интернешнл може да ги информира своите потрошувачи  во Америка дека IQOS, уредот …