Програмата на Светска банка – Австрија за урбано партнерство ги поддржува општинските лидери во Југоисточна Европа


Претставници од локални и од централните власти од седум земји од Југоисточна Европа (ЈИЕ) денес присуствуваа на Дијалогот помеѓу градовите во Скопје за да ги споделат добрите практики и наодите од Самостојната проценка на општинските финансии (МФСА) и Урбаната ревизија и да дискутираат за предизвиците во спроведувањето со кои се соочуваат локалните власти во регионот. Овој настан беше дел од Програмата за урбано партнерство (УПП) на Светска банка – Австрија која им помага и ги поддржува градовите и локалните власти во Југоисточна Европа во процесот на модернизација и реформа за промовирање на локалниот развој за инклузивен и одржлив раст и подобро урбано управување.

Дијалогот помеѓу градовите се фокусира на решавање на проблемите преку размена на знаења помеѓу колеги. Овој состанок, дел од тековната серија, ги фокусира дискусиите на две алатки за самостојно оценување, самостојната проценка на општинските финансии (МФСА) и урбаната ревизија што им помага на локалните власти да го подобрат својот финансиски менаџмент и капацитетот за програмирање на инвестициите. Исто така, тие помагаат во воспоставување согласност за дискусии и применливи идеи за тоа како да се модернизира урбанистичкото планирање, да се поддржи локалниот економски развој и да се подобри квалитетот на животот на граѓаните.

Видете следно

Македонската филхармонија ја почнува новата концертна сезона 2018/2019

На 27 септември (четврток) во 20 часот, ќе се случи свеченото отворање со концертот под …