Прогресивен данок – за кого и од кога ?


Додека јавноста се фокусираше на најавите за зголемување на персоналниот данок – Министерството за финансии објави раст на акцизата за 3% на дизелот. Со новите буџетски проекции, не се предвидени заголемени приходи од перосналниот данок како резултат на раст на стапката, но сепак остана најавата дека корекции во даночниот систем ќе има пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Во меѓувреме, најавата за повисоки плати во образованието, армијата и здравството, ги крена на нозе сидикатите од другите јавни сектори.

Прогресивен данок – за кого и од кога ?

Прогресивното оданочување, што беше најавено во изборната програма на СДСМ ќе стартува од 2019 година. Сепак информацијата дека се размислува стапката на данок на доход да се зголеми за месечни примања повисоки од 1 040 евра предизвика рекации на економистите.  Министерството за финансии за оваа намера најави јавна дебата на средината од 2018 година.

“Прогресивниот данок да не го воведуваме на сила. Нашата намера е да почнеме од јануари 2019 година и постапката да биде целосно отворена. Се планира сите законски решенија за воведување на прогресивниот данок да бидат готови до средина на наредната година” – изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.


Видете следно

Народната банка отвори Порта за иновации – засилено ќе се поддржува развојот на финтек-секторот кај нас

Народната банка отвори Порта за иновации – платформа за комуникација со финтек-секторот. Основна цел на овој нов …