24/09/2017
??????????

Промоција на проектот ИноПлатформа – платформа и алатки за зголемување на иновативниот капацитет на МСП во Балканската и Медитеранската област

Денеска во Охрид се промовираше ИноПлатформа, европски проект под лидерство на Центарот за Управување со знаење од Македонија.  ИноПлатформа е двегодишен проект, финансиран од Интерег Програмата на Европската Унија за Балканско-Медистеранската област, спроведуван од 6 организации и институции од 5 земји на БМ област: Македонија, Кипар, Грција, Бугарија и Албанија.

ИноПлатформа ќе работи во делот на зголемување на постоечкото знаење за иновации во бизнис моделите кое би се преточило во развој на алатки (InnoTools) и сервиси (InnoScoreard и InnoRegion), и воспоставување на инфраструктура на Центри за извонредност во иновации, чија заедничка цел е подобрување на можностите, капацитетите и знаењето на МСП-ја во воведувањето на иновации и зголемување на конкурентноста.

 “Целта на овој проект, кој официјално стартува денес, е да ја зголеми конкурентноста на малите и средни претпријатија од регионот преку подобрување на иновативниот еко систем. Новината во оваа иницијативата или state of the art е тројна:

  • Согледување на трендовите во иновациите на бизнис моделите кои се случуваат во регионот со посебен фокус на оние модели кои ја поттикнуваат интернационализацијата.
  • Развој на серија на практични иновативни алатки и сервиси чија цел е да бидат едноставни водилки за поддршка на иновативниот процес кај МСП-ја во регионот;
  • Воспоставување на инфраструктура на Центри на извонредност во иновациите, лоцирани во сите пет земји од Балканско—медитеранската област за подобрување на пристапот на МСП-ја до знаење и експертиза во делот на иновациите.

Особено сме горди на успехот на ИноПлатформа при селекцијата на проектите бидејќи сме едниствен проект во Интеррег Балканско-Медитеранската програма (2014-2020) кој го води проектен лидер од земја која не е членка на ЕУ. “, изјави г-ѓа Андријана Богдановска, директор на Центарот за Управување со знаење на денешниот иницијален состанок на организациите вклучени во реализација на овој проект кој се одржува во Охрид.

Носител на проектот InnoPlatform е Центарот за Управување со знаење.

Повеќе информации на: http://www.knowledge-center.org

Проектот е финансиран преку првиот повик на програмата на Европската Унија Interreg BalkanMed Programme 2014-2020.

Видете следно

amazon

Амазон работи на “паметни” очила

Амазон влегува во нова нова авантура и веќе работи на создавање “паметни” очила, синхронизирани со …