DSC_0793b

Промовиран најпродаваниот и најсигурен автомобил – Volvo XC60

 „Сé што правиме во Волво започнува со луѓето. Безбедноста, сигурноста и грижата за околината се цврсто во ДНК-то на овој бренд. Го претставуваме моделот XC60 кој е израз на она за што се залага и претставува Volvo – „Иднината на безбедноста“. Овој модел е од особена важност, бидејќи се покажа како најпосакуван автомобил. Создаден е со идејата да ги заштити сите патници во него, но и сите во непосредна близина“, рече Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс Скопје.

Втората генерација на VOLVO XC60 е опремена со најнапредниот пакет на сигурносни функции кои овозможуваат возачот да има доминантен поглед на патот во преубаво опремена и мирна кабина.

„Кога на технологиите кои ги содржи ќе го додадеме безвременскиот дизајн, станува јасно дека новото XC60 е синоним за сигурно, инспиративно и исклучително безбедно возило“, додаде Заири. 

Според Златко Павловски, продукт менаџер на брендот Volvo, новиот модел е подолг, поширок, понизок и со поголемо меѓуоскино растојание од неговиот претходник.

„XC60 ке биде достапен со три нивоа на опрема: богатиот Momentum, луксузниот Inscription и спортскиот R-Design. Предниот изглед на возилото е со препознатливите фул лед светла во знакот на ТОР и поголема предна решетка со алуминиумска рамка. Алуминиумските фелни се нудат во размер од 18 до 22” во повеќе уникатни дизајни. Прекрасните задни стоп светла даваат автентичен изглед на возилото во ноќта и исто така, се фул лед. Багажникот се отвора на електрика, односно може да се отвори со еднократно поминување со ногата под задниот браник или преку далечинскиот клуч.  Врвен интиуитивен аудио систем Bowers & Willkins и возна динамика која е едноставно најдобра во оваа класа“, објасни Павловски. 

Видете следно

28161907_1550041601780765_363341285821953775_o

Општина Карпош ќе започне да го спроведува проектот за насочување на младите, популарен како Job Shadowing

Општина Карпош ќе биде една од четирите општини во кои ќе започне да се спроведува …