Прва посета на македонска висока делегација на Грузија


Унапредување на трговската размена, соработка и размена на искуства од областа на земјоделството, модели за справување со елементарни временски непогоди, ова се дел од темите кои беа предмет на разговор при официјалната посета на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на Република Грузија.

Во рамки на посетата Тбилиси, Р. Грузија, министерот Николовски оствари средба со грузискиот министер за земјоделство Леван Давиташвили, на која двајцата министри ги презентираа актуелните состојби во земјоделството. Министерот Николовски го запозна министерот Давиташвили, со политиките на македонската Влада за развој на агро- сектор и проблемите со кои се соочува Македонија во овој сектор.

Од друга страна, министерот Давиташвили, ги образложи искуствата на Грузија за унапредување на земјоделството и можностите за поголема соработка со Македонија, на полето на увоз/извоз на земјоделско-прехрамбени производи.

Според официјалните статистички податоци Македонија и Грузија и покрај потенцијалите, засега имаат слаба трговска соработка. Трговската размена помеѓу Република Македонија и Република Грузија е симболична. Минимален извоз од Република Македонија во Република Грузија имало во 2016 година, и тоа е извоз на режано цвеќе (рози, итн.) во вредност од 10.500 евра. Во 2016 и во 2017 година има минимален увоз на ловоров лист од Република Грузија во Република Македонија во износ од 3.500 евра. Министерите Николовски и Давиташвили, се согласија дека Македонија и Грузија се земји со мали економии, но имаат огромен потенцијал, кој преку почести средби и меѓусебна соработка, може заеднички да се искористи, од што бенефит ќе имаат и двете земји.

Видете следно

РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот! Биди дел од акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“

Безбедноста во сообраќајот на патиштата претставува сериозен предизвик, односно сериозен проблем во сите современи општества. …