25/02/2017
francijacigari

Пушењето ја чини светската економија 1 трилиони долари годишно

Трошоците на глобалната економија поврзани со пушењето, ќе надминат 1 трилион долари годишно и пушењето ќе убива со 30 отсто повеќе луѓе во 2030 година, во споредба со сега. Тоа го покажува студијата на Светската здравствена организација и американскиот Национален институт за борба против ракот, пренесе агенцијата “Ројтерс”.

Трошоците далеку ги надминуваат глобалните приходи од даноците и акцизите над тутунот, од околу 269 милијарди долари во 2013-2014 година.

“Кај бројот на смртните случаи поврзани со пушењето, се очекува зголемување од околу 6 милиони годишно на околу 8 милиони во 2030 година. Над 80% од нив веројатно ќе бидат во земјите со ниски и средни приходи”, се наведува во студијата.

Околу 80 отсто од пушачите живеат во овие земји, а како целина вкупниот број на пушачи во светот се зголемува. Според здравствените експерти пушењето предизвикува најголем број смртни случаи во светот кои би можеле да се спречат.

Меѓу најевтините и ефикасни начини за намалување на пушењето се зголемувањето на цените и акцизите над тутунот, сеопфатна политика за ограничување на пушењето, целосна забрана на рекламирањето на тутунски производи и предупредувања на пакувањето на цигарите, се вели во извештајот.

 

Видете следно

grckaekonomija

Грците масовно повлекуваат пари од банките

Од почетокот на годината до средината на февруари, грчките граѓани повлекле 2,7 милијарди евра од нивните …