Рафа Надал и Енрике Иглесијас отворија ресторан во Мајами


Поп ѕвездата Енрике Иглесијас и тенисерот Рафаел Надал отворија свој ресторан во Мајами оваа недела.

Двајцата, заедно со кошаркарот Пау Гасол, веќе се сопственици на рестораните Tatel во родната Шпанија – во Мадрид.

Локалот во Мајами се наоѓа во луксузниот хотел Ritz Carlton South Beach.

Двајцата направиле незаборавна забава за отворањето на локалот, пишува “Мајами хералд”.

tatel2

Енрике Иглесијас за медиумите изјавил дека е горд што го отвора Tatel во Мајами, каде што со години живее со тенисерката Ана Курникова.

tatel


Видете следно

Денес 23 октомври неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот …