13/12/2017
post Pets milenicinja

Рамстор мол го одбележува Светскиот ден на животните

Во светот денес, 4 октомври се празнува Светскиот ден на заштита на животните. По тој повод Рамстор мoл, како и секоја година на овој ден организира низа на активности за соодветно одбележување на овој ден.

Имено од денес започнува еден интересен конкурс за избор на најубаво милениче на Facebook и Instagram. Од трговскиот ги повикуваат сите фанови на социјалните мрежи на Рамстор мол да прикачат фотографија од нивното милениче, во коментар на претходно објавен пост од Рамстор.  Споделувањето на фотографии трае се до недела (08.10).Фотографиите со најголем број на реакции ќе добијат вреден подарок, односно по 3 ваучери во износ од 3000, 2000 и 1000 денари кои што ќе можат да ги искористат во продавницата на Тина Вет Royal Canin, омилената продавница за сите миленичиња лоцирана во Рамстор мол. Добитниците на подароците ќе бидат објавени на 9 октомври.

Покрај оваа активност за денес од трговскиот најавуваат и промоции на производите наменети за животни достапни во рамки на маркетот во Рамстор мол.

Светскиот ден на животните е можност за секој од нас да направи нешто добро за животните од својата околина, приклучете се во предизвикот на Рамстор и добијте вреден подарок за вашето милениче.

Видете следно

“Auto Trophy 2017”: three first places for Audi

Три први места за Audi од “Авто трофеј 2017″

Читателите на AUTO ZEITUNG го избраа најдобриот светски автомобил: Оваа година, двата најпосакувани трофеи одат …