Рекорден број трудови и пленарни сесии на СКЕОР


Со рекорден број трудови и пленарни сесии, денес, започна 5-тата јубилејна Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕОР), организирана од студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. 

„СКЕОР е плод на досегашните искуства на сите организатори. Не радува фактот што сé повеќе се зголемува бројот на учесници, каде оваа година имаме 50 трудови и 11 пленарни предавања на професори или претставници на компании“, рече Наташа Јованова, претседател на Организациониот одбор на СКЕОР.

Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски потенцираше дека студентите го даваат првиот импулс во соочување со предизвиците на денешницата. 

„Енергетска ефикасност, одржлив развој, зелена енергија, загадување – термини кои секојдневно ги слушаме во јавноста. За среќа, студентите го даваат првиот импулс и нудат конкретни решенија за подобрување и решавање на предизвиците со кои се соочуваме. Како Факултет веќе имплементираме дел од решенијата произлезени од досегашните студентски конференции, како што се енергетски сијалици, енергетски ефикасна фасада, уред за мерење на потрошувачка на електрична енергија и други иновации. Токму на оваа конференција студентите, заеднички со професорите и со компаниите кои активно се вклучија во реализација на СКЕОР, повторно ќе се обидат да понудат решенија на дел од проблемите“, рече деканот Ташковски.

SKEOR 1

Видете следно

Развивање на силна меѓународна соработка за унапредување на трговијата со земјоделски производи

Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Љупчо Николовски присуствуваше на собир со министрите за земјоделство …