17/10/2017
Р14-фото 1

Рептил го проширува својот ланец маркети

Рептил маркети е компанија со традиција од 21 година, компанија која е синоним за најдобра услуга во градот Скопје. Ланец на маркети познати по големиот и квалитетен асортиман по разумни цени, отвори нов маркет во трговскиот центар во населба Лисиче. Граѓаните од населба Лисиче ќе уживаат во топла и искрена услуга, како и во дополнителните вредности за купувачите. Во маркетот од 410m2 во Лисиче, купувачите ќе можат да набавуваат секојдневно свежо овошје и зеленчук, свежо месо со гарантирано македонско потекло одгледано по највисоки стандарди.

Во фурната секојден се печат свежи кифли,лиснати теста, переци… како и различни видови на леб од кои најпознат е Рептил багет лебот.

Рептил е познат и по огромниот избор на домашно зготвени јадења со супер коректни цени, изборот толку е голем што слободно може да парира и на најбогатите менија на најдобрите ресторани. Купувачите може да набават и свежа морска и слатководна риба, а готвачките се тука да им ја припремат рибата или месото доколку кај купувачот постои и таква потреба. Разумните цени се уште една одлика што се реализира преку бројните неделни акции, намаленија и  клуб на попусти – Клуб Рептил.

Р14- фото 2

 

Клуб картичката купувачите може да ја користат без услови како собирање поени, тие заштедата веднаш ја добиваат на каса. Рептил истовремено врши и дистрибуција на производи на големо за потребите на јавни и приватни компании.

Новитет е он-лајн продавницата www.reptilmarketi.mk, преку која купувачите заштедуваат време купувајки производи по цени од полица.

Он-лајн купувањето на reptilmarketi.mk е прекрасна можност за сите кои сакаат повеќе време да поминат со семејството, пријателите. Овој тип на услуга е наменет и за постарите лица на кој излегувањето од  домот им е се потешко. Едноставно додека  купувачот е на неговото работно место или во домот може да ги нарача сите потребни производи кој ќе му бидат доставени  на адреса и тоа време кое тој ќе го одбере.

Видете следно

Svetski den na vidot

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВИДОТ

 Македонија го одбележа Светскиот ден на видот со спроведување бесплатни лекарски прегледи во Специјалната очна …