13/12/2017
LET'S CEE Award Ceremony 2017 with team, winners and guests

Режисерите може да аплицираат на натпреварот за краткометражен филм

Филмските режисери од Македонија, до крајот на јануари 2018 година, ќе може да аплицираат на шестиот натпревар за краткометражен филм LET’S CEE.

Натпреварот ќе се одржи во Виена, Австрија од 13 до 22-ри април 2018.

На натпреварот со свои кратки филмови на тема „Заедно или разделени“ може да учествуваат филмски режисери до 35-годишна возраст. Темата на натпреварот може да се манифестира во доставениот материјал на различни начини и методи. Интерперсоналните аспекти, како драмите во семејството и односите, судењата и страдањата, моментите на успех и среќа или заедничкото надминување на предизвиците може да се земат предвид исто како и социјалните, политичките, правните и / или културните прашања. Со други зборови: сè е можно се додека допира на темата и е направено добро!

По презентацијата на фестивалот, меѓународното жири ќе одлучи за победникот на конкурентните кратки филмови и на тој начин, ќе биде награден со главната награда – 1.500 евра и статуетка на Уранија – на церемонијата на доделување на наградите во Кино Уранија. Останатите кратки филмови презентирани за време на фестивалот, без исклучок, ќе имаат шанса да ја освојат наградата од публика од 1500 евра во категоријата краток филм.

Но, освен ова, сите филмски режисери, без разлика на возраста и земјата од која потекнуваат, добредојдени се да испратат тематски прилози. Сепак, поради географскиот фокус на фестивалот на Централна и Југоисточна Европа, овие кратки филмови нема да бидат вклучени во главниот натпревар за краткометражен филм, но ќе имаат многу шанса да ја освојат Наградата од Публика во категоријата краток филм и ќе бидат прикажани на фестивалот во делот Кратки филмови | Надвор од конкуренција.

Видете следно

vlada

Владата на Република Македонија синоќа донесе повеќе одлуки

Вчера на редовната седница Владата на Република Македонија го усвои дополнетиот предлог на Буџетот за …