17/01/2018
LET'S CEE Award Ceremony 2017 with team, winners and guests

Режисерите може да аплицираат на натпреварот за краткометражен филм

Фестивалот, исто така, срдечно ги охрабрува меѓународните креатори на филмови за виртуелна реалност, 3D продукции и авангардни дела да аплицираат, бидејќи и овие жанрови, исто така, ќе бидат дел од сцената во LET’S CEE фестивалот.

Сите филмски режисери кои ќе учествуваат на главниот натпревар за краткометражен филм дополнително ќе профитираат од нивното учество. На сметка на фестивалот, еден од вклучените филмски режисери од секој краток филм ќе биде поканет како официјален гостин во Виена, со цел да ја претстави својата работа. Тие лица, исто така, ќе имаат можност да се приклучат на второто издание на Академијата за таленти на LET’S CEE.

Главна цел на фестивалот е да ги унапреди и промовира филмовите од Централна и Источна Европа во Австрија, а природно и во странство. Посебен акцент е ставен на иницирање меѓународна соработка во рамки на филмскиот сектор и поддршка на млади таленти од Австрија и од Централна и Источна Европа. Во поширока смисла, филмскиот фестивал LET’S CEE е јасен канон на вредности и дава позитивен придонес за меѓукултурниот дијалог на национално и меѓународно ниво.

Освен две главни награди, десетина други финалисти од Централна и Источна Европа, регионот Кавказ, Турција и од Австрија ќе добијат покана за учество во второто издание на Академијата за таленти на LET’S СEE во Виена!

На првото издание во 2017 година присуствуваа 26 млади филмски режисери од 12 земји, меѓу кои и Даријан Пејовски од Македонија со „Три дена во септември“ на конкурсот за надежни дебитанти и на Академијата за таленти LET’S CEE.

Видете следно

Mats Wilander

Интервју со Мет Виландер, тениски експерт и аналитичар на Еуроспорт

Да  го старуваме интервјуто со приказната за Енди Мареј, кој очигледно се здоби со големи …