23/11/2017
triglav

Рок Пивк назначен за втор извршен директор во Триглав Осигурување Скопје

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 133-та седница, одржана на 29.08.2017 година, го назначи г. Рок Пивк за втор извршен директор на компанијата, со мандат од четири години.

Оваа одлука следеше откако Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 131 седница, одржана на 21.06.2017-та година, го назначи г-дин Пивк за извршен член на Одборот на директори. Одлуката влезе во сила на денот на донесувањето, а се применува од 08.08.2017-та година, кога Агенцијата за супервизија на осигурување даде согласност за именување на г-дин Пивк за член на орган на управување во Триглав Осигурување.

Г-динот Рок Пивк доаѓа од Заваровалница Триглав д.д. Љубљана, од позицијата извршен директор за финансии. Својата професионална кариера ја гради како експерт за финансии во јавниот и во приватниот сектор во Република Словенија и тоа во Централната банка на Република Словенија и во Заваровалница Триглав д.д. Љубљана.

Функцијата главен извршен директор на компанијата и понатаму продолжува да ја врши г-дин Ѓорѓе Војновиќ, додека г-ѓа Сања Танчевска ќе ја врши функцијата прв извршен директор на компанијата.

Му посакуваме добредојде на г. Пивк во Триглав Осигурување. Убедени сме дека со својата професионалност и експертиза ќе придонесе кон зацврстување на лидерската позиција на Триглав Осигурување на пазарот на неживотни осигурувања и ќе ја поддржи компанијата во реализирањето на планираната стратегија и остварувањето на зацртаните деловни резултати, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на компанијата, г. Војновиќ.

Видете следно

fos

Швајцарскa инвестициска компанија заинтересирана за вложување во Македонија

Швајцарскиот инвестициска компанија ФОС Асет Манаџмент ја скенира состојбата во Македонија за инвестиции. Веќе неколку …