23/08/2017
rolex

Rolex го претстави најгламурозниот часовник

Новиот модел на швајцарскиот производител од серијата Yacht-Master беше претставен на Baselworld – најголемото шоу за часовничарската индустрија, што се одржува во Базел, Швајцарија.

Уникатниот модел Yacht-Master II 40 Everose, со рамка од розово злато, е составен од 41 камења во различни бои. Поточно – 32 сафир, 8 цаворита (камен од групата на гранати) и еден дијамант.

Скапоцените камења го опкружуваат часовникот во нежна рамка од 18-каратно розово злато, наречено “Everose”.

Засега не е дадена цена, но стандардниот Yacht-Master II 40 чини скоро 25 000 долари.

Видете следно

znamemk

Следуваат три продолжени викенди

Понеделник е следниот неработен ден, и се паѓа на 28 август. Остануваат уште малку неработни …