Ротари Клуб Скопје Камен Мост донира прочистувачи за воздух во градинките на територијата на општина Центар


Во рамките на проектот на Ротари Клуб Скопје Камен Мост за намалување на изложеноста на децата на загаден воздух и отровните честички што истиот ги содржи, донирани се 12 уреди за прочистување на воздухот во просториите на градинката “13 Ноември” – Скопје.

Патрониот празник на градинката и денот на град Скопје, симболично се избрани за почеток на иницијативата за справување со загадениот воздух и овозможување на прочистен воздух во просториите каде нашите најмали ги поминуваат своите детски денови.

“Загаденоста на воздухот со “PM” честичи претставува сериозна закана за сите кои што се изложени на него, а најопасен е за децата на кои респираторните органи им се се уште во развој. Наша цел е подобрување на амбиенталниот воздух што го дишат дечињата за време на нивниот престој во градинката. Планот е оваа иницијатива да продолжи и во останатите градинки во општината, за што е веќе спремна и следната донација, а потенцијално со помош на општините и градот Скопје, и на територија на целиот главен град.” – изјави Иван Новаковски, претседател на Ротари Клуб Скопје Камен Мост.


Видете следно

Еве што понудил Мијалков за да си ја купи слободата

Сашо Мијалков понудил гаранција во вредност од милион евра за да излезе од затворот во …