17/10/2017
oruzjegemranija

Русија останува на второто место во светот по извоз на оружје

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека за 2016та година, земјата успеала во странство да продаде оружје и воена техника во вредност од повеќе од 15 милијарди долари, пишува весникот “Коммерсант”.

Според истражувањето на весникот во текот на изминатата година биле потпишани договори со Алжир, Виетнам, Кина и Индија. Во 2017та година Москва се надева да склучи нови зделки вредни милијарди долари.

“Руската воена техника се испорачува во 52 земји во светот”, истакна Путин за време на седницата на комисијата за воено-техничка соработка. Шефот на државата освен тоа потсети дека земјата го зазема второто место во светот по извоз на оружје, и првото место го отстапува единствено на САД.

Меѓу договорите склучени во 2016 година, кои вреди да се споменат, се договорите со Кина за испорака на воздухопловни мотори Ал-31Ф и Д-30КП2 кои се во вредност од над 1,2 милијарди долари.

Видете следно

stevce

Стевче Јакимовски заработи кривична пријава

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Коалицијата Сексуални и здравствени права на …