Рускиот конкурент на Smart, Provocator ќе чини 3500 евра


Руската компанија “Мироу” (Mirrow) планира на пазарот да лансира алтернатива на малолитражниот Smart Fortwo. Проектот на необичен градски автомобил е дело на московскиот дизајнер Александар Малишево. Во моментов колата, именувана “Мироу Провокејтор” (Mirrow Provocator) постои само во форма на компјутерски скици, но првиот прототип ќе биде подготвен уште оваа есен и ќе биде претставен на саемот во Париз.

Со должина од 2695 мм Provocator потсетува на Smart Fortwo, но останатите димензии на руската машина се далеку поголеми од германскиот конкурент. Широчината му достига 1980 мм без ретровизорите, а висината е цели 2045 мм. Така висината на салонот внатре во возилото е 180 см.

Mirrow Provocator може да превезува четири лица и багаж, а во иднина е можно да се појави и со 70 см подолга варијанта, која ќе се користи за такси. Во него ќе можат да се возат петмина патници и возачот.

Планирано е цената на основната верзија да е помеѓу 3500 и 4500 евра, што е околу 260-330 000 рубли.


Видете следно

ФИТР: 158 предлог дигитални решенија на јавниот повик Креатон за справување со последиците од КОВИД – 19 одат во фаза на финална селекција

  Вкупно 158 од 546 пристигнати иницијативи одат во фаза на финална селекција на јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на …