САМИТ100 за Бизнис лидери од Југоисточна Европа на 16 и 17 октомври во Скопје


Денес, во просториите на Алкалоид АД Скопје се одржа прес-конференција по повод 6-тиот годишен САМИТ100 за Бизнис лидери од Југоисточна Европа, кој на 16 и 17 октомври се одржува во Скопје.

На прес-конференцијата, Претседателот на УО на САМИТ100 и Генерален директор на Алкалоид, г-дин Живко Мукаетов и Програмскиот директор на САМИТ100 и Партнер во Алба Партнери, г-ѓа Јелена Радуловиќ најавија дека Скопје и Република Македонија преку уникатната регионална бизнис платформа САМИТ100 ќе бидат домаќини на повеќе од сто реномирани бизнис лидери и највисоки политички претставници од Југоисточна Европа кои во текот на двата дена ќе дискутираат за потенцијалите и можностите на регионот како целина.

Воведно обраќање на САМИТ100 ќе има г-дин Живко Мукаетов, кој на прес-конференцијата истакна дека она што го прави овој бизнис настан уникатен е тоа што отвора можности за вистинска поврзаност и искористување на заедничкиот потенцијал на земјите од нашиот регион:

„САМИТ100 е создаден како регионална иницијатива и токму затоа членови во нашиот Управен одбор се претставници на стопанството од целиот регион на Југоисточна Европа. Како претседател на Управниот одбор, но и како директор на компанија која работи регионално и меѓународно, свесен сум за силата и значењето на заедничкиот настап и поврзаноста на нашите земји. Имено, гледано во светски рамки нашите пазари се мали, но обединувајќи ги интересите и капацитетите во заеднички настап можеме да бидеме сериозно меѓународно конкурентни и истовремено да го свртиме вниманието на глобалниот бизнис кон инвестицискиот потенцијали на земјите од Западен Балкан, Хрватска и Словенија. Како домаќин на овогодинешниот САМИТ100, навистина ми е драго што енергијата е препознаена од голем број бизнис и политички лидери кои ги очекуваме во следните денови во Скопје“, изјави г-дин Живко Мукаетов.

Видете следно

Предвидена изградба на 554 станови, со вкупна корисна површина од 41 505 м2

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2018 се издадени 205 одобренија за …