Се огласи еврокомесарот Хан: Еве што побара од претседателот Иванов


Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан очекува претседателот Ѓорге Иванов да му го даде мандатот на „кандидатот од партиите што имаат мнозинство во Собранието, согласно Уставот“, објави Радио Слободна Европа.

Откако ДУИ одлучи да му ги даде потписите за добивање мандат на СДСМ, Хан денеска, во писмена изјава, вели дека промените во демократските општества се природни и треба да бидат прифатени, кога се резултат на веродостојни избори.

„Прифаќањето и почитувањето на изборните резултати и правото на лидерите да се обидат да формираат влада е знак на зрела демократија. Попречувањето и поткопувањето на таквите напори немаат место во демократскиот процес“, пишува Хан.

Тој ги повика сите релевантни фактори, вклучувајќи ги претседателот и Собранието, целосно да се придржуваат до словото и духот на Уставот и на одговорен начин „да овозможат брзо формирање влада која ќе работи на заостанатите реформи“.


Видете следно

Еве колку нови случаи на Ковид 19 денеска се регистрирани кај нас

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …