22/06/2017
DSCda

Се отвори третиот циклус саеми за вработување

Денес на 18.05.2017, на Скопски саем, се отвори третиот циклус Саеми за вработување во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

На изданието во Скопје се претставуваат над 67 компании меѓу кои и: ЕВН – Македонија, Лајонес, МГИ – текстил, Џевахир холдинг, Ван Хол, Голден Арт, Инбокс, Рамстор, Тинекс, Семос Едукација, МЗТ, Џонсонс Мети, Кроација Осигурување, Халк Банка, Образовен центар Визија, Шпаркасе и НЛБ – Тутунска Банка и други.

Денес  на Галеријата на Метрополис Арена на Скопски саем ќе се одржат и Форумот за работодавачите и Инфо средбите со млади. Се очекува да се остварат поголем број контакти помеѓу работодавачите и заинтересираните потенцијални вработени што е прв чекор што води до склучување на долгорочна соработка. Ваквите мерки на АВРМ се можност да има подиректно соочување со вистинските потреби на пазарот на труд кои пак и долгорочно ќе влијаат брз намалувањето на невработеноста во РМ.

Потребни се правите човечки ресурси за да водите успешен бизнис. Како растеме како образовен центар, така се зголемува потребата од квалитетен педагошко – образовен кадар. Овој тип на саеми се одлични за да можеме да направиме директна средба со потенцијални кандидати за отворените работни места. Сметам дека денешниов Саем за вработување во Скопје, ќе биде успешен за нас како и за другите компании, каде преку нашето претставување пред јавноста, пред сè ќе ја најдеме правата комплексна формула за вработување на квалитетен кадар. – Адријана Додевска – раководител на образовен центар Визија, еден од учесниците на Саемот за вработување организиран од АВРМ.

Следен град на караванот е Штип на 26.05.2017, кој ќе се одржи во Безистен, додека Форумите со работодавачи и Инфо средбите со млади ќе се одржат во Хотел Оаза – Штип.

 

Видете следно

okta

ОКТА ја продолжува успешната соработка со Централниот депозитар за хартии од вредност

Компанијата ОКТА втора година по ред дивидендата на своите акционери ќе им ја исплати преку …