Се продава највисоката куќа во светот: Погледнете како изгледа 12катниот објект


Резиденцијата која е позната и како највисоката семејна куќа во светот се продава за 1,3 милиони евра.

„Фалкон нест“ има површина од 576 метри квадратни и е изградена близу Тамб Буте во Прескота, Аризона. Изградена е на 12 ката, а висока е 38 метри. Дизајнот е на архитектот Феникс Сукумар Пал.

Во неа има три спални соби, четири бањи, стаклен плафон и ѕидови, хидрауличен лифт, како и единствен енергетски систем кој ја лади куќата лете, а ја загрева во текот на зимата.

Цената по која се продава е значително пониска од првобитната која изнесувала 2,4 милиони евра во 2015та година, пишува „Дејли мејл“.

Видете следно

Еве кои се добитниците кои ЛУКОИЛ Македонија ќе ги испрати на светското првенство во фудбал во Москва

На само неколку дена од почетокот на најголемиот и најважниот спортски настан кој ќе ја …