skdesign

Седмо издание на Skopje Design Week од 22. до 26. ноември

Седмото издание на “Недела на дизајнот во Скопје” (Skopje Design Week) оваа година ќе се одржи од 22. до 26. ноември во „Јавна соба“ и Лукс продавницата за расвета и мебел, а подготовките влегоа во финална фаза. Информациите се достапни на веб страната на фестивалот www.ministryofpleasure.net и социјалните мрежи.

Тема на овогодиното издание на SDW  е Звукот на материјалите, каде водејќи се од фактот дека материјалите, достапноста на истите и нивната обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ.

Фестивалот оваа година ќе се претстави пет програмски целини, каде секако водечката е секцијата на дизајн изложбите. Земја во фокус оваа година е Унгарија и ќе се претстави со врвна дизајн изложба составена од 20 дизајн студија, компании и поединци. Покрај изложбата, унгарските дизајнери кои во голем број доаѓаат во Скопје, ќе имаат презентции за деловниот и дизајн аудиториомот  на фестивалот, но и ќе посетат неколу фабрики во околина на Скопје.

Видете следно

28161907_1550041601780765_363341285821953775_o

Општина Карпош ќе започне да го спроведува проектот за насочување на младите, популарен како Job Shadowing

Општина Карпош ќе биде една од четирите општини во кои ќе започне да се спроведува …